Connect with us

Фудбал

Мурињо: Јас ја знам иднината на Ериксен…

Тотенхем утре вечер игра против Мидлзброу во рамките на ФА Купот. Тренерот Мурињо вели дека утре Кристијан Ериксен ќе биде во комбинација, за сабота не е сигурен, а не знае ни дали по завршувањето на зимскиот преоден рок ќе биде во Лондон.

-Со оглед на состојбата Ериксен не е оној стариот. Не го дава најдоброто од себе. Утре ќе игра, за сабота не знам. Јас ја знам иднината на Ериксен, но не сум тој кој треба да коментира, вели Мурињо на прес конференцијата во пресред на мечот од ФА Купот.

Англиските и италијанските медиуми пишуваат дека Интер и Тотенхем се блиску до договор за трансфер на Ериксен, но прашање е дали во јануари или во јуни фудбалерот ќе се пресели во Милано.