Фудбал
Мурињо: „Ќе се бориме со сите сили Санчез да игра на Олд Трафорд“
Тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо, соопшти дека се сериозни Алексис Санчез да премине на Олд Трафорд. Иако Сити беа главни фаворити за потписот на Чилеанцот, англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед нуди подобар договор и дека се спремни секоја понуда на Сити да ја надминат со 5 милиони евра.
Да кажеме дека имаме три зацртани цели кога е во прашање летниот преоден рок. Да купиме дефанзивец, играч за врска и напаѓач. Ако за време на зимскиот преоден рок ангажираме еден фудбалер, тогаш на лето ќе треба да ангажираме двајца фудбалери. Првичниот план беше да не ангажираме нов фудбалер во јануари. Сепак, ако ни се укаже некоја фантастична понуда, опција, ние ќе се бориме со сите сили, ќе се обидеме да го реализираме тој трансфер, изјави португалскиот стручњак.
Англиските медиуми открија дека Сити има понудено 20 мил. фунти за обештетувањето на Санчез, додека Јунајтед има понудено 25 мил. фунти за чилеанскиот интернационалец.