Connect with us

Фудбал

Мурињо: Меси може да оди само во тим што не го почитува финансискиот фер-плеј

Лондон, 9 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо категорично ја отфрли можноста суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, некогаш да им се приклучи на „спарси“.

– Во Тотенхем го почитуваме финансискиот фер-плеј. Може да оди само во тим што не го почитува, па сигурно нема да биде Тотенхем, рече Специјалниот во интервјуто за „JOE“.

Меси се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но на крајот ќе остане во Барселона и во новата сезона.

Како што е познато, „граѓаните“ често се обвинуваат за кршење на финансискиот фер-плеј, па дури и им беше изречена казна, која, сепак, подоцна беше укината.

loading...

Мурињо ја коментираше и документарната серија „All or Nothing: Tottenham Hotspur“, посветена на последната сезона на тимот.

– Ако ме прашате дали уживав, одговорот е „не“. Претпочитам приватност, како и нашиот дом да остане затворен за луѓето кои не припаѓаат во нашиот дом. Но, на луѓето кои сакаат фудбал и спорт ќе им се допадне затоа што тоа ви ја покажува реалноста на фудбалскиот клуб. Повеќето камери се скриени – во канцеларии, во простории за состаноци, на тренинг-терени. Единствено кога ги видовме камерите беше кога патувавме или кога одевме на натпревари како гости, додаде тој.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com