Connect with us

Фудбал

Мурињо на тенок мраз, се спомнува Конте!

Жозе Мурињо е на тенок мраз во Рома и наскоро би можел да добие отказ. Иако Рома викендов го победи Фросиноне, Португалецот не е сигурен на клупата на „волчицата“, пренесуваат италијанските медиуми.

Мурињо го бележи својот најлош првенствен старт во кариерата, Рома е само 13-та на табелата со осум освоени бодови, поради што се шпекулира за разделба. Замената за Мурињо по трет пат во кариерата може да биде – Антонио Конте! Италијанецот е без работа откако во март годинава се раздели со Тотенхем, а летово беше во игра за клупата на Пари Сен Жермен, имаше и шпекулации за враќање во Јувентус, но тоа беа само гласини.

Конте е докажано име во Италија, освојуваше титули со Јувентус и Интер, па сите предуслови се за клупата на Рома. Интересно, ова би било трет пат Конте да доаѓа по „урнатините“ на Мурињо. Првиот пат кога тоа се случи во Челзи, Мурињо го растури својот шампионски тим во сезоната 2015/16, а Гус Хидинк беше привремено на клупата до летото и доаѓањето на Конте. Конте му се приклучи на Челзи во летото 2016 година и ја освои титулата во својата прва сезона. После тоа Конте дојде по Мурињо во Тотенхем. Португалецот ги водеше Спарс од ноември 2019 до април 2021 година, не се прослави, а набрзо дојде повторно да ја спаси ситуацијата со Конте, во ноември 2021 година. Останува да видиме дали Рома ќе направи потези како Челзи и Тотенхем…