Фудбал
Мурињо побара да му донесат двајца фудбалери
Жозе Мурињо го побара од раководството на Тотенхем двајца фудбалери во летниот рок.
Иако Тотенхем имаат некои финансиски потешкотии затоа што се во кредити за изградба на стадионот, Муриња не се грижи премногу и го замоли лидерот на клубот за скоро 100 милиони фунти да донесе двајца фудбалери.
Неговите цели се напаѓачот на Волверхемптон, Раул Хименез и дефанзивецот на Вест Хем, Иса Диоп, а нивното пристигнување би го чинело Тотенхем скоро 100 милиони фунти.
Хименез игра фантастично во дресот на „Волците“. Понудите почнаа да доаѓаат веднаш, се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а сега и Тотенхем го сака.
Неговата цена е околу 44 милиони фунти, а Мурињо планира да го потроши остатокот на Диоп за која Вест Хем бара 53 милиони фунти.
Мурињо е голем љубител на играта на овој фудбалер. После натпреварот со Вест Хем додека беше на клупата на Јунајтед, тој го опишан како „ѕвер“ и сега сака да го донесе во својот тим.
Ќе видиме дали тоа ќе се случи на крајот, и сигурно доаѓањето на овие фудбалери многу би го засилило тимот на Тотенхем во наредната сезона.