Фудбал
Мурињо потврди: Карик ќе биде стартер во последниот натпревар од сезоната
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед од средниот ред Мајкл Керик ќе го започне натпреварот од последната рунда од Премиер лигата против Ватфорд на Олд Трафорд.
Карик неодамна објави дека ќе се пензионира на крајот од оваа сезона, а тренерот Жозе Мурињо ќе му покаже доверба пред домашната публика во последниот натпревар од сезоната.
“Тој ќе го започне последниот натпревар на Олд Трафорд против Ватфорд – нашиот капитен пред нашите навивачи”, рече Мурињо на прес-конференцијата пред денешниот натпревар против Вест Хем дома.
Керик ја започна својата кариера во Вест Хем, а подоцна играше за Тотенхем, од каде тој пристигна на Олд Трафорд во текот на летниот преоден рок во 2006 година. Во изминатите 12 години има настапено на 291 натпревар за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата и постигна 17 гола.