Connect with us

Фудбал

Мурињо пред почетокот на ЕП: Португалија никогаш не била толку силна

Нема дилема дека Португалија е еден од фаворитите на претстојното Европско првенство во Германија.

Жозе Мурињо има исклучително високо мислење за сегашната генерација. Новиот тренер на Фенербахче смета дека нема подобар од нив на ЕУРО 2024 година.

„Не сакам никој да каже дека немам почит кон претходните генерации, но во однос на длабочината и квалитетот на тимот, Португалија сега го има најдобриот тим што некогаш го имала“, пренесуваат англиските медиуми зборовите на Жозе Мурињо.

„Главната работа е што имаат самодоверба и верба во себе дека можат да победат секого. Не сакам да кажам дека Португалија е најдобра. Но ништо подобри не се Шпанија, Франција, Англија и Германија“, смета „Специјал“.

Португалците пред неколку дена ја победија Финска со 4:2, а следниот подготвителен меч го играат против Хрватска во сабота.

Advertisement