Connect with us

Фудбал

Мурињо против поранешниот клуб: Двајца играчи што Јунајтед долго време ги бара, сега се на мета на Португалецот

Жозе Мурињо минатата недела го презеде Тотенхем и веднаш започна со победа од 3-2 на гостувањето кај Вест Хем.

Клубот беше во голема криза пред да го преземе Португалецот, кој сега мора да ја крене атмосферата, но и да размисли за засилување доколку сака да стигне меѓу првите четири места на табелата.

Англиските медиуми сега пишуваат дека првите две мети на Мурињо се два негови сонародници, Бруно Фернандес од Спортинг и Рубен Дијас од Бенфика.

И двајцата играчи веќе некое време беа мета на многу европски клубови, а Мурињо сега сака да се вклучи во трката за нив.

Фернандес беше брилијантен минатата сезона, постигна 32 голови и запиша 18 асистенции на 53 натпревари, а со оглед дека е играч од средниот ред, бројот на голови е навистина импресивен.

Тој продолжи со одлични игри оваа сезона, постигнувајќи 9 голови на 17 натпревари, а запиша и 6 асистенции.

За него најмногу ова лето беше заинтересиран Манчестер Јунајтед кој сакаше да го донесе, но Спортинг не го пушти да си замине, а Мурињо сега може да го украде засилувањето од неговиот поранешен клуб.

Диас, кој игра на позиција стопер, исто така, бележи одлични игри оваа сезона, а истото го правеше и во минатата сезона. Со оглед на тоа дека има само 22 години, тој би бил одлична инвестиција за во иднина, а исто така тој се најде и на списокот на засилувања на тренерот на Јунајтед Оле Гунар Солскјаер кој сака да го донесе ова лето.