Поврзи се

Фудбал

Мурињо: Реал да не помислува на Де Геа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, го предупреди европскиот клупски шампион Реал да не размислува за привлекување на голманот Давид де Геа.

27-годишниот Шпанец има склучена соработка со клубот од „Олд Трафорд“ до летото 2019 година и се очекува наскоро да го продолжи договорот.

И покрај тоа, Реал не ги крие амбициите да го ангажира еден од најдобрите светски голмани. Во 2015 година „Кралскиот клуб“ беше многу блиску до договор со Де Геа, но само поради техничките проблеми и ненавремено испраќање на документите пропадна трансферот.

– Не знам кои се намерите на Реал Мадрид, но ако бидам на нивно место, би си барал друг играч, изјави Мурињо.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал