Фудбал
Мурињо се обиде како обичен навивач да влезе во „Алијанц арената“, но веднаш го препознаа
Лигата на шампионите наскоро се враќа на нашите ТВ-екрани, а првите натпревари од осмото финале се играат на 18. февруари.
После двомесечна пауза, најсилното клупско натпреварување во светот конечно се враќа и очекуваме неколку големи натпревари. Еден од оние натпревари за кои се мисли дека нема да биде многу интересен е судирот помеѓу Тотенхем и Лајпциг, но ваквите натпревари обично нудат спектакл.
Тотенхем се подготвува за натпреварот кој ќе биде одигран за девет дена, а Жозе Мурињо вчера го „шпионираше“ својот следен противник во Лигата на шампионите.
Мурињо вчера пристигна во Минхен за да го следи судирот на Баерн и Лајпциг на „Алијанц арената“. Иако немаше погодоци на натпреварот, Мурињо добро го „скенираше“ Лајпциг.
Германските медиуми објавија дека Мурињо се обидел да се камуфлира за да не го препознаат на трибините, но не успеал во тоа. Тој се обиде како обичен навивач да влезе на трибините, но веднаш беше препознаен од редарите и веднаш беше однесен на негово место, предизвикувајќи многу внимание.
