Фудбал
Мурињо се предаде: Не можеме да го купиме тој играч!
Тренерот Жозе Мурињо изјави дека нема шанси Тотенхем да го донесе португалскиот играч од средниот ред Бруно Фернандеш, кој игра за Спортинг. Минатото лето се шпекулираше дека Тотенхем го барал играчот по секоја цена, но тој бил скап.
„Финансиската вредност на Бруно Фернанде[ е голема и не дозволува да го доведеме во нашиот тим. Тој е многу добар играч, но ние немаме буџет да го купиме“, рече португалскиот тренер.
Се дознава дека главната цел на Мурињо е да го убеди Ериксен да остане со Тотенхем следната сезона. Неговиот договор истекува следното лето.