Connect with us

Фудбал

Мурињо се враќа во Челси?

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо би можел по трет пат да седне на клупата на лондонски Челси.

Португалецот е без ангажман од декември откако доби отказ од Манчестер Јунајтед, а иако навивачите на Челси би сакале да го видат Франк Лампард на клупата на лондонскиот клуб, сепак обложувалниците му дават предност на Мурињо.

Актуелниот тренер Маурицио Сари е на чекор од превземање на Јувентус, па управата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ е приморана да пронајде замена.

Покрај Мурињо и Лампард, како наследници на Маурицио Сари се споменуваат и Масимилијано Алегри, Нуно Еспирито Санто и Хави Гарсија.

Извор: Точка