Connect with us

Фудбал

Мурињо: Тие го имаа светскиот шампион

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, го анализира поразот од Челси од 2:1 во интервјуто по натпреварот за „BBC“.

„Мислам дека ќе бидете многу вознемирени од мене затоа што ќе ги повторам истите работи што ги кажав по мечот со Лајпциг“, изјави Португалецот.

„Горд сум на играчите. Тие дадоа сè на теренот. Немаме напаѓачи. Оние што играа денес не се напаѓачи. Погледнете го Челзи, имаа светски шампион“.

„Немавме напаѓач на теренот или на клупата, имаме двајца во болницата“.

„Загубивме, но добро е што играчите се бореа до крај за резултатот и тоа е многу важно за мене“.

„Враќањето на „Стемфорд Бриџ“? Не чувствував ништо, да бидам искрен. Бев фокусиран на натпреварот“.