Фудбал
Мурињо: Тотенхем има среќа со мене, еве што реков на паузата!
Џозе Мурињо го направи своето деби за Тотенхем, триумфирајќи над Вест Хем со 2:3. На крајот од натпреварот, португалскиот селектор разговараше со англиските медиуми, каде се радуваше на победата и го откри она што го кажа на паузата на своите играчи.
„Бев навистина среќен додека не примивме два гола. Игравме добро и правевме се што планиравме на тренинзите. Имавме шанса и за 4:0, каде мечот на крајот би бил предвреме завршен. Тотенхем има среќа што имам многу години искуство во Премиер лигата, бидејќи на паузата им кажав на момците дека дури и да беше 0:3 до 85. минута, натпреварот сепак ќе беше отворен. Она што е сега поважно е што победивме и дека момчињата се среќни, тоа е она што го сакав“.
„Јас сум многу среќен за него. Поминав неколку минути на тренинг и надвор со Деле Али. Разговарвме за тоа дека треба да се врати. Тој е многу добар играч, еден од најдобрите во светот“.