Connect with us

Тајмаут

Мурињо во новиот спот на Стормзи (ВИДЕО)

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, глуми во новиот спот на раперот Стормзи, кој брзо ги запали социјалните мрежи со коментари.

Стормзи објави нова песна по долга пауза. Траката се вика „Mel Made Me Do It“ и е долга 7 минути.

Во спотот за песната, Мурињо е еден од главните ликови, заедно со Јусеин Болт. Бурно рапува „Попрво да не зборувам како Хозе“. Потоа се слуша аудио од иконското интервју на португалскиот стручњак за Sky Sports, кога тој изјави: „Попрво да не зборувам бидејќи тоа ќе ме доведе во голема неволја“.

За тоа време и самиот Мурињо седи на едно место и со леден поглед гледа во камерата.