Connect with us

Фудбал

Мурињо во стилот на Мурињо, во неколку секунди со провокација до Лацио, но и Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа. Во реваншот против Реал Сосиедад, „Волчица“ ја сочува својата мрежа (0:0) и на тој начин ја одбрани предноста од 2:0 стекната на својот Олимпико. Тренерот на римскиот тим Жозе Мурињо ја искористи приликата по мечот во Шпанија да ги „пецне“ своите ривали. На Португалецот не му се допаѓа тоа што екипите по елиминацијата од групната фаза на едно европско натпреварување ја продолжуваат сезоната во класа која е послаба, па изразувајќи го своето мислење по мечот со Сосиедад, го провоцираше градскиот ривал Лацио, и индиректно го „пецна“ Јувентус кој како третопласиран од групната фаза на Лигата на шампионите заврши во Лига Европа.

Овде има тимови кои според мене не треба да ги има. Ако испаднат од едно натпреварување, да си одат дома! Така да ако Лига Европа ја освои екипа која испаднала од ЛШ, според мене ќе биде беспредметно. Лига Европа треба да биде за екипите кои ја играат од старт. Мислам, Лацио нема да игра трето натпреварување, нели? Така треба – иронично праша Мурињо.

Инаку се знае зошто Мурињо ова го изјавува токму сега, затоа што во недела во 18:00 часот се игра римското дерби помеѓу Рома и Лацио, а во вечерниот термин играат Интер и Јувентус.