Connect with us

Фудбал

Мурињо задоволен од селекцијата

Лондон, 23 август 2020 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изрази задоволство од селекцијата, иако клубот привлече само двајца играчи. Пјер-Емил Хојберг пристигна од Саутемптон, а Џо Харт потпиша како слободен агент и беше ангажиран како резервен голман.

Вчера „спарси“ ја одиграа својата прва контролна од предсезонските подготовки. Тие го совладаа Ипсвич со 3:0, а двете нови засилувања учествуваа на натпреварот.

– Клубот го пронајде моментот за трансфери многу интелигентно. Пјер имаше договор уште една година и неговиот клуб беше во тешка ситуација во врска со преговорите. Двајцата нови ќе го направат нашиот тим посилен. Џо има многу искуство и сега имаме три добри голмани. програма со сите турнири – Лига Купот, Лига Европа … Дури и голманите не можат да играат на секој натпревар, сподели Мурињо.

Португалецот исто така ја коментираше и првата проверка на тимот.

loading...

– Прерано е играчите да играат 90 минути. Ова е прва недела на тренинзи. Ипсвич е во Првата лига, но тренира веќе неколку недели. Тие го задржаа нивото во текот на целиот натпревар. Видов многу добри работи, додаде Мурињо.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com