Фудбал
Мурињо започнува со ветувања: Не би можел да бидам посреќен од тоа, еве што ветувам!
Жозе Мурињо веќе започна со својата нова авантура во Тотенхем. Португалецот го имаше својот прв тренинг со младиот тим, каде ги кажа и првите зборови. „Специјалниот“ стартува на уникатен начин, а кажа и големи зборови и ветувања за Тотенхем.
„Не можев да бидам посреќен од тоа. Ако не бев среќен, не би бил тука денес. Што можам да ветам? Страст, вистинска страст! Страст за мојата работа, но и страст кон мојот клуб. Ова е начинот на кој работам во мојата кариера и ќе се обидам да им дадам среќа на овој клуб и на сите оние кои го сакаат овој клуб“.