Фудбал
МВР приведе вечерва три лица по инцидентите на „Чаир“
Три лица вечерва се приведени од страна на полицијата по денешните инциденти на стадионот „Чаир“.
Како што дознава SPORTM.mk лицата во моментов се наоѓаат во ПСОН Бит Пазар.
Претходно ФФМ донесе одлука за службена победа на Шкендија и суспензија на теренот на Шкупи. Следните натпревари тие ќе треба да ги играат на 100-тина километри од Скопје.