Други спортови
МВР со детали за тепачката помеѓу Шкендија и навивачите во Велес (ВИДЕО)
На 10.04.2023 во СВР Велес било пријавено дека околу 21.10 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир, при што дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети. Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.