Други спортови
МЗ: Нема измени во контекст на одржувањето на спортските натпревари со публика
По реакциите во јавноста, од Министерството за здравство за SPORTM.mk велат дека засега нема измени во контекст на одржување на спортски натпревари со публика.
„Согласно моменталната состојба со коронавирусот не е дозволено присуство на публика на спортските натпревари.Комисијата за заразни болести и министерството за здравство активно ја следат епидемиолошката состојбата, за сега нема измени во контекст на одржувањето на спортските натпревари со публика“, велат од Министерството за здравство.
Претходно, дел од навивачките групи преку Фејсбук објави реагираа, зошто како што велат тие само спортските натпревари се одржуваат без публика, а се друго функционира со претходно донесени протоколи.