Кошарка
МЗТ Скопје бара да им се вратат парите, најавија кривична за Перо Антиќ, КФМ со одоговор
Со оглед на тоа дека сезоната е прекината, односно не е дворшена, МЗТ Скопје бара од Кошаркарскта федерација да им бидат вратени парите уплатени по разни основи за учесвто во Првата кошаркарска лига.
Во ДОПИСОТ испратен вчера до КФМ од страна на МЗТ Скопје, меѓудругото се вели:
-Правните застапници на нашиот клуб сметаат дека со одлуката за поништување на сезоната се оштетени нашата, но и сите други прволигашки екипи, на кои им е нанесена голема метеријална штета. МЗТ Скопје Аеродром до средината на март на сметка на КФМ уплати 1,06 милиони денари (нешто повеќе од 17.000 евра), кои бараме да ни бидат вратени од страна на Перо Антиќ и од неговите соработници и тоа во рок од – три дена.
Од Кошаркарската федерација следуваше ОДГОВОР:
-Во услови кога самиот барател не знае точно што бара и во барањето наведува работи кои меѓусебно немаат никаква врска, зборува за тоа дека ова барање е целосно паушално, неосновано и служи сосема за други цели, а не за евентуално регулирање на било какви правни однои помеѓу субјектите, се вели меѓудругото во одговорот на КФМ.
Како ќе биде решена целата ситуација останува да се види.