Кошарка
МЗТ Скопје го донесе еден од најдобрите кондициски тренери во Македонија
Екипата на МЗТ Скопје има нов кондициски тренер, по заминувањето на Михаило Шејкероски во бугарски Левски.
Станува збор за еден од најдобрите во својата професија во Македонија, кој изминативе години соработуваше со повеќе клубови во разни спортови, како и со кошаркарските репрезентации во повеќе возрасни категории.
„Поранешниот македонски репрезентативец во традиционално карате и актуелен селектор на атлетската национална селекција, Кристијан Кајчевски, е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје Аеродром, кој во иднина ќе биде задолжен за физичката подготовка на нашите кошаркар.
Станува збор за еден од најдобрите во својата професија во Македонија, кој изминативе години соработуваше со повеќе клубови во разни спортови, како и со кошаркарските репрезентации во повеќе возрасни категории. Тој воедно работи индивидуално со спортисти од сите профили со цел да придонесе за нивниот напредок во делот на експлозивноста, силата, координацијата и кондицијата.
Популарниот Кајче, кој воедно е и професор во ДСУ „Методија Митевски-Брицо“, во следниот период целосно ќе им се посвети на потребите на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, со цел да ги подобри нивните перформанси и да го извлече максимумот од секој поединец. Тренерот Дарко Радуловиќ со аквизицијата на Кајчевски во стручниот штаб добива докажан и признат професионалец, кој дефинитивно ќе ги крене стандардите на работата и ќе придонесе во обидот да се остварат најдобрите можни резултати на домашна и меѓународна сцена“, стои во соопштението на клубот од Аеродром.