Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје има суперталент, прекомандува 15-годишен кошаркар во првиот тим

Управата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со заложбите за давање шанса на талентираните кошаркари, кои треба да бидат светла иднина на клубот. Па, така го официјализира договорот за стипендирање со 15-годишниот Бојан Величковски.

Станува збор за еден од најперспективните играчи од младинска школа на МЗТ Скопје, кој летово работеше заедно со далеку поискусните од првиот тим и кој веќе дебитираше во сениорскиот тим на пријателскиот турнир во Лесковац. Величковски е кадетски репрезентативец на Македонија, од кого се очекува многу ако продолжи да работи напорно и посветено како и до сега.

Facebook