Кошарка
МЗТ Скопје поразен кај Рогашка
Македонскиот кошаркарски вицешампион, екипата на МЗТ Скопје, го претрпе и тетиор пораз во Регионалната АБА 2 лига, откако во деветтото коло загуби на гостински терен од Рогашка Слатина со 102:90.
Тимот од Аеродром одигра лошо прво полувреме (64:48), а потоа во второто не успеа да фати резултатски приклучок и да се врати во игра за триумф.
Најефикасен кај македонскиот претставник беше Иве Иванов со 30 поени, додека Медфорд го заврши мечот со „дабл – дабл“ од 19 коша и 11 асистенции. На спротивната страна Вашл запиша „трипл-дабл“ од 25 поени, 10 скока и 10 асистенции, а второ име беше Косиќ со 19 поени.
МЗТ Скопје наредниот меч во АБА 2 го игра на стартот на декември, по репрезентативната пауза, кога ќе биде домаќин на Сутјеска.