Connect with us

Фудбал

На адреса на Наполи пристигна понуда од 82 милиони евра!?

Италијанскиот „Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Наполи добил официјална понуда од 82 милиони евра од Њукасл за одличниот 22-годишен Грузиец Квича Кварацхелија. Во градот под Везув, кој неодамна го прослави Скудетото, а за кој најзаслужен беше популарниот Кварадона заедно со Осимен, сега треба да донесат важна одлука.

Тие можат да заработат огромни пари на играч кој е само една година во клубот, но постои и можност да го задржат и да му го продолжат договорот. Кваракели е крилен напаѓач и по само една сезона стана жива легенда на Наполи.  Во случај да го продолжи договорот би го врзал со Наполи до 2028 година.

Грузиецот пристигна минатото лето за 11,5 милиони евра од Динамо Батуми. Зад себе ја има една од најдобрите деби сезони што може да се памети во „петте лиги“. На 43 настапи постигна 14 и асистираше за 17 гола. Тој со својот дриблинг ги освои навивачите, а меѓу нив се здоби и со статус на легенда, а му ласка и прекарот Кварадона со кој Наполитанците го споредуваат со славниот Аргентинец. Младиот Грузиец заработува околу 1,2 милиони евра по сезона, а според новиот договор неговата плата треба да биде околу три милиони. Во Њукасл сигурно би имал многу повеќе.