Connect with us

Други спортови

На Австралија Опен се случи нешто за прв пат по 20 години!

Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал и број 3 Каспер Руд се елиминирани во второто коло на Австралија Опен.

Шпанецот вчера загуби од Мекензи Мекдоналд (4:6, 4:6, 5:7), а Норвежанецот денес загуби од Џенсон Бруксби (3:6, 5:7, 7:6(4), 2:6).

Така, за прв пат по 2002 година, во третото коло во Мелбурн нема да има тенисер од Топ-3 на АТП ранг-листата.

Да потсетиме, лидерот на рејтингот Карлос Алкараз го пропушта „Гранслемот“ поради повреда добиена на тренинг.

Во 2002 година, бр. 1 Лејтон Хјуит и бр. 2 Густаво Куертен беа елиминирани во првото коло, додека бр. 3 Андре Агаси не учествуваше.

 

Advertisement