Connect with us

Други спортови

На Азаренка и се слоши за време на натпреварот, па одби да каже во што е проблемот: „Нема да кажам, сменете ги правилата“ (ВИДЕО)

Викторија Азаренка се прости од Австралија опен во првото коло по поразот од американската тенисерка Џесика Пегула.

Пегула славеше со 2:0 во сетови и приреди големо изненадување затоа што беше полесно отколку што се очекуваше победа против 11-от тенисер во светот.

Но, овој натпревар беше обележан со детали кога на Азаренка и се слоши и истрча од теренот во сенка за да земе здив.

Судијата веднаш повикал лекар да и помогне на искусната тенисерка кој се обидел да открие во што е проблемот, но Азаренка не сакаше да каже зошто и се слошило.

„Не знам зошто прашувате за здравјето на играчите и поставувате толку многу прашања. Сето тоа ќе биде на Интернет и луѓето ќе зборуваат за она што го видоа. Не знам зошто постои правило дека мора да кажете зошто сте болни, повредени или нешто слично. Ако не сакам да зборувам за тоа, тогаш тоа е тоа“, рече Азаренка по мечот.

Моментот кога и се слоши на Азаренка можете да го погледнете ТУКА .