Connect with us

Фудбал

На Баерн му недостасува уште еден триумф за новата германска титула

Фудбалерите на Баерн се на една победа до новата германска титула, а тоа е математички јасно по натпреварот од 30. коло.

Во 30. коло Баварците денеска ја совладаа Арминија Билефелд со 0:3 и со тоа на четири кола пред крајот имаат девет бода предност пред Борусија Дортмунд.

Баварците во следното коло ја пречекуваат Борусија и со триумф можат да ја прослават новата титула.

На денешниот дуел во Билефелд, Баерн поведе во десеттата минута со автоголот на Лаурсен од 0:1.

Во седмата минута од продолжението од првото полувреме Гнарби погоди за 0:2 на асистенција на Кимих, додека третиот гол на Баварците беше во режија на Мусале кој ја искористи асистенцијата на Левадовски во 85. минута за конечни 0:3.

Баерн на тој начин продолжува да доминира во Германија, но прашање е колку тоа ќе ги развесели навивачите кои се разочарани од елиминацијата од Лигата на шампионите од Виљареал.