Connect with us

Фудбал

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: „Небо се отворило, стадио је експлодирао“ – Панчев и Најдоски славеа финале во КЕШ!

На денешен пред пред 29 години екипата на Црвена Звезда, за која настапуваа нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски го постигна дотогаш најголемиот успех во историјата на клубот, пласирајќи се на едно финале во Купот на европските шампиони (КЕШ).

Култниот меч Црвена ѕвезда – Баерн Минхен од полуфиналето на КЕШ во 1991 година се одигра на 24 април, пред 29 години, пред 80.000 гледачи во Белград, а драматичната завршница и среќниот гол со кој белградските „црвено-бели“ се пласираа во финалето и битката за европската титула се незаборавни.

„И по се изгледа, ќе гледаме продолженија, двапати по 15 минути…Радиновиќ, Радиновиќ кон Биниќ. Пред него е брзиот Ефенберг…Југовиќ, Југовиќ…Југовиќ кон Панчев, Југовиќ! Просинечки е тука, Просинечки…Михајловиќ во средина…2:2! Гол, гол, гол, гооооо! Небото се отвори, стадионот експлодираше!“ – се дел од зборовите на тогашниот спортски коментатор за тој натпревар, Милојко Пантиќ.

Токму Македонецот го најави учеството на Црвена Звезда во големото финале, откако претходно во Минхен на првиот меч донесе израмнување во 45 минута, а потоа и победа од 1:2 обезбедување преку Савичевиќ.

„Притисокот беше огромен, а Германците уште еднаш ја потврдија „изреката“ дека играат до крај и дека против нив нема опуштање. Немаше некој посебен договор пред реваншот, бидејќи сите одлично се познававме помеѓу себе и секој знаеше што треба да направи. Се сеќавам само дека на паузата имаше малку повеќе подигнати тонови, бидејќи во првото полувреме покажавме индивидуална себичност. Поради атмосферата и важноста секој сакаше да се истакне, а требаше веќе да водиме со 2:0 или 3:0. Тоа на крајот можеше и да ни се врати како „бумеранг“. Беше таква лудница на теренот и надвор од него што не знаевме каде се наоѓаме“ – додаде Панчев.