Connect with us

Фудбал

На денешен ден пред 73-години формиран е „симболот“ на Скопје, а денеска ги доживува најтешките денови

На денешен ден, во 1947-ма година формиран е најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар, симбол на градот Скопје. 11 пати првак на Македонија, еднаш на Југославија, пет пати го освоил Купот на Македонија, два пати Суперкупот, еднаш го освоил и Купот на Маршал Тито.

Јасно е дека ова е најпознатиот фудбалски клуб од Македонија, но кој за жал наместо достојна прослава на 73-годишнината од своето постоење, ги доживува најтешките денови.

Пред само неколку дена раководството на тимот им соопштило на сите играчи дека се слободни и дека можат да бараат нова фудбалска средина. Пари нема за исплата на долговите, пари нема за плати, не се знае ниту како ќе се почне новата сезона. Иако се прогласени за шампиони оваа сезона, сепак Вардар токму поради несредените финансии остана без настап на европската фудбалска сцена.

Има некакви „срамежливи“ најави за спас на клубот, но дали ќе се најде вистински спасител останува да се види.