Connect with us

Други спортови

На Џошуа мозокот му е испран

Светскиот шампион во ВБЦ, Дионтеј Вајлдер одамна брка борба за обединување со шампионот на ВБА, ВБО, ИБО и ИБФФ Ентони Џошуа, но откри дека разговарал со Британецот и му рекол дека ќе жали што не се согласил на дуел. Вајлдер ќе ја брани титулата против Тајсон Фјури на први декември во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

  • Му реков дека ќе жали што не ја прифати понудата од 50 милиони долари. Џошуа одговори дека има тим и дека тој не се занимава со овие прашања. Му реков: „Не кажувај ништо повеќе“. Парите отсекогаш биле во Америка. Деведесет илјади можат да отидат да го видат, но тој нема да спечали такви пари. Џошуа ја пропушти таа прилика. Тој не може да направи толку пари во Велика Британија, колку што би можел да направи во нашата борба. Мозокот му е испран и тој чувствува дека треба да покаже лојалност. Во некој момент тој ќе се скрши, истакна Американецот.