Connect with us

Фудбал

На Ериксен нема да му се допадне она што Конте го кажа за него по натпреварот против Лацио

Фудбалерите на Интер беа поразени синоќа од Лацио со 2:1 во 24. коло во Серија А.

Со овој пораз Интер падна на третото место во Серија А и сега има три бода зад Јувентус, додека Лацио сега е на второто место и има само еден бод помалку од „Старата дама“.

По натпреварот Антонио Конте изјави дека неговиот тим му поклонил двата гола на Лацио, и дека тие го загубиле премногу рано ова дерби иако по првото полувреме поведоа со 1:0.

Еден од новинарите го праша Конте дали е време Кристијан Ериксен да добие поголема минутажа и конечно да се најде во првиот состав, но тренерот на Интер баш и не го израдува Данецот со својата изјава.

„Верувам во секоја ситуација што треба да ја пронајдете рамнотежата помеѓу одбраната и нападот. Не можеме да мислиме дека еден играч може да ја промени судбината на тимот, особено што дојдовме толку далеку без Ериксен. Мораме да останеме мирни и да ги пуштиме новите играчи како што треба да се вклопат во тимот, да продолжиме да работиме и да не размислуваме да можеме да го смениме нашиот тим одеднаш“, рече Конте.