Connect with us

Фудбал

На „Етихад“ веќе се подготвуваат за доаѓањето на Меси

Барселона, 31 август 2020 (МИА) – Додека Лионел Меси е во војна со Барселона да си замине од клубот, фаворитот за привлекување, Манчестер Сити, се подготвува за неговиот настап.

Според бразилскиот новинар Марсело Беклер, клубот од Премиер лигата се обратил до продуцентска куќа со налог да започне да собира архивски фотографии на фудбалерот за подготовка на презентација.

До денес, постојат многу неизвесности за тоа кој е во право во спорот. Напаѓачот се обидува да замине како слободен агент заради клаузулата, која истече на 10 јуни.

Во исто време, Каталонците бараат 700 милиони евра. Ла Лига застана на страната на „Блаугранас“, тврдејќи дека Меси има важечки договор со клубот.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com