Connect with us

Фудбал

На фудбалери на тим од Србија забрането конзумирање свинско место

Тренерот на фудбалскиот клуб Инџија од Србија, Александар Јањиќ, забранил на фудбалерите да конзумираат свинско месо. Како што вели тој, причината е многу едноставна.

-Јасно ми е да не можам да влијаам на тоа што јадат дома, но во клубот, ниту еден оброк не се подготвува со свинско месо, но се надевам дека ќе ги почитуваат правилата, изјавил Јовиќ за српските медиуми и додал:

-Го забранив свинското место бидејќи при негово конзумирање, доаѓа до одредени процеси во организмот кои негативно се манифестираат врз играчите, вели тој.

Како што пишуваат српските медиуми, ова е прва ваква одлука во нивната фудбалска лига.