Connect with us

Фудбал

„На фудбалот му треба судија, а не ВАР“

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини продолжува да биде еден од луѓето кои се спротивставуваат на употребата на технологија во фудбалот. Во изјава за Кориере Дело Спорт, тој повторно го изнесе своето мислење за ВАР.

„Фудбалот не може да се арбитира со видеото што е снимено на теренот. Телевизијата дава погрешна перцепција за специфичните епизоди што се случуваат на полето за играње“, рече Платини.

„Фудбалот е спорт каде има контакт. Постојат многу редовни интервенции во областа кои, по префрлувањето низ ТВ филтрите се со бавно движење и даваат погрешна перцепција. Значи за правичен фудбал не ви треба ВАР, туку добар судија“, рече Платини.