Други спортови
На Ѓоковиќ му се заканува затворска казна поради лажење на автралиските власти?!
Ѓоковиќ призна дека ги прекршил правилата за изолација додека бил позитивен на ковид 19, односно дека два дена откако бил тестиран и потврден дека е позитивен, имал интервју за францускиот „Ле екип“,
Објаснувајќи ја целата постапка од моментот на тестирање до моментот на добивањето на резултатите, Ѓоковиќ имал и средба со млади тенисери од Србија.
Иако изрази жалење на Инстаграм, во соопштението објавено денеска, за неговата постапка, сепак тоа нема да го амнестира од лажната изјава која ја дал на австралиските власти при влез во оваа земја. Имено, тој и неговиот тим дале лажен документ за историјата на патувањето и состојбата со Ковид 19 кај него, во кој не било наведено дека бил позитивен во декември.
Министерот за имиграција на Австралија, кој има дискреционо право да му ја укине визата, најави дека одлуката ќе ја донесе деновиве, кога треба и да ги има сите детали од истрагата на властите.
Имајќи ги во предвид австралиските закони, најдобриот светски тенисер сега се соочува со уште поголем проблем, односно пет години затвор, колку што предвидува најголема казна за давање лажни искази пред официјалните институции во Австралија.