Connect with us

Фудбал

На хуманитарниот натпревар помеѓу Борусија (Менхенгладбах) и Украина беа собрани над 100.000 евра

На пријателскиот натпревар помеѓу Борусија Менхенгладбах и репрезентацијата на Украина на 11 мај беа собрани 132.000 евра како донации за хуманитарна помош за оваа источноевропска земја, соопшти бундеслигашот . Натпреварот, кој го доби Украина со 2-1, го следеа повеќе од 20.000 навивачи од трибините, а ТВ Про 7 за време на средбата ја започна хуманитарната мисија „ Германија помага“, од која беа собрани вкупно 642.745 евра.

„Тоа беше фестивал на мирен фудбал и вечер каде нашите гости се забавуваа неколку часа во овие неверојатно тешки времиња“, изјави спортскиот директор на Борусија, Роланд Фиркус. „За нас е голема чест не само да и помогнеме на репрезентацијата на Украина да се подготви за плејофот на Светското првенство, туку уште поважно, да покажеме хуманост и солидарност“, додаде тој. Плејофот на Украина во Глазгов е одложен поради руската инвазија на земјата и ќе се игра на 1 јуни. Победникот од овој меч во финалето ќе се сретне со Велс за пласман во финалето на СП 2022 во Катар .

Реклама

Facebook