Фудбал
На играчот од средниот ред на Херта му беше дијагностициран тумор на тестисите
На играчот од средниот ред на бундеслигашот Херта Берлин – Жан Пол Боетиус му е дијагностициран тумор на тестисите и ќе биде опериран, соопштија од клубот. Херта соопшти дека дијагнозата потекнува од уролошките тестови во последните денови и дека 28-годишниот Холанѓанец ќе биде опериран во петок.
Sending all our best to Jean-Paul Boëtius 🙏 https://t.co/J3NGq1vJwr
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) September 22, 2022
„Многу е тешко да се научи, но полни сме со надеж дека Жан Пол ќе се опорави и ќе се врати во тимот што е можно поскоро“, прокоментира спортскиот директор на Херта, Фреди Бобиќ.
„Тој ќе ја добие нашата целосна поддршка. Семејството на Херта е покрај него и му посакува се најдобро“, додаде поранешниот германски репрезентативец.
Уште еден играч на Херта, Марко Рихтер, минатата сезона се лекуваше од рак на тестисите и се врати во тимот.
Од болест се врати и Тимо Баумгартл од лидерот на Бундеслигата, Унион Берлин, додека на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер, пред два месеци му беше дијагностициран тумор на тестисите, кој се покажа дека е малиген и фудбалерот беше подложен на хемотерапија.