Фудбал
На Интер синоќа му се случи нешто за прв пат откако постои клубот, Монца и тренерот Инзаги ќе бидат вечно запишани!
Поранешниот италијански шампион, Интер синоќа загуби на домашен терен од Монца (0:1) во 30. коло од Серија А. Претходно во првенството, миланезите загубија на домашен терен од Јувентус и од Фиорентина со ист резултат. Така Интер за првпат во историјата доживеа три последователни порази со „сува мрежс“ дома во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги моментално се наоѓаат на 5. место на табелата. з