Connect with us

Фудбал

На Јувентус му се вратени 15-те одземени бодови, еве како сега изгледа табелата!

Фудбалскиот сојуз на Италија ги врати 15-те бодови Јувентус, кои му беа одземени поради одредени финансиски малверзации за време на пандемијата на коронавирус.

Одлуката е донесена денеска, но целиот случај ќе заврши во Сојузниот суд каде за еден месец ќе се појави торинскиот тим и потоа ќе има официјална одлука дали ќе се укине казната или ќе се изврши.

Така, целиот случај треба да биде завршен до мај. Од Јувентус се уверени дека ќе победат и во овој судски случај и дека целата приказна ќе биде завршена во следните 30 дена и дека нема да има дополнителни одложувања.