Connect with us

Фудбал

На Кариус никако не му оди: Ниту Бешикташ не го сака

Можноста што ја доби во Бешикташ се чинеше идеална за враќање на довербата по ужасната грешка што ја направи во финалето на ЛШ, но работите не изгледаат како што треба денес.

На крајот на сезоната Бешикташ ќе може да го купи договорот на Кариус од Ливерпул за само 7,25 милиони фунти, но клаузулата, како што пишува „Атлетик“, наменета намера да ја искористат.

Истиот извор рече дека грешките на Кариус биле повторени и во Турција, и дека челниците на Бешикташ не биле задоволни од неговиот настап оваа сезона и по две години ќе го вратат во Ливерпул.

Сепак, не е само формата на германскиот голман она што го доведе во прашање неговиот престој во Бешикташ. Кариус, исто така, има проблеми со живот надвор од теренот, бидејќи медиумите неодамна го фатија како поминува ноќи пиејќи низ Истанбул, наводно поради раскинување со девојка.

Се повеќе станува се поизвесно дека Кариус ќе мора да најде нов тим во текот на летото, бидејќи веќе нема простор во Ливерпул покрај Алисон Бекер и Адријан, кои браннат одлично секој пат кога ќе добиијат шанса.