Connect with us

Други спортови

На мерењето дојде во танга, а во рингот доби незапаметен ќотек (ВИДЕО)

Најатрактивната боксерка на светот Ебани Бриџис (37 години, рекордни 9-2) не успеа да ја одбрани титулата на ИБФ во бантам категорија.

Австралијката беше шампионка речиси две години, а појасот го загуби од Јапонката Мијо Јошида (35 години, скор 17-4). Бриџис требаше да се бори против Австралијката Аврил Матија (35 години, скор 8-1-1), но противничката и го откажа мечот, а Јошида во последен момент го прифати предизвикот.

Како што навикнавме од атрактивнатаБриџи, овојпат таа се појави оскудно облечена пред борбата на мерењето. Поточно облече само танга и градник и го најави својот триумф.

Но, работите тргнаа лошо за неа во рингот. Јапонката ја победи, а на крајот славеше со едногласна одлука на судиите 99-91, 99-91, 97-93. Јошида упати двојно повеќе удари од Бриџис, 122 спрема 66, со што заврши владеењето на Бриџис во бантам категорија. По борбата, професорката по математика ѝ ја честиташе заслужената победа на противничката и најави дека ќе се врати уште посилна.