Други спортови
На Надал не му е дозволено да настапи на Олимписките игри, ќе се повтори ли случајот со Федерер?!
Според сегашните правила на Светската тениска федерација (ИТФ), Шпанецот Рафаел Надал нема да може да настапи на Олимписките игри во Париз. Имено, правилата наложуваат дека тенисерот мора да игра за репрезентацијата на Дејвис купот најмалку еднаш во текот на две години пред Игрите. Надал не го стори тоа, ниту ќе има шанса до крајот на сезоната бидејќи Шпанија е елиминирана од натпреварувањето.
JO – Paris 2024 : Nadal : "J'aimerais jouer les Jeux encore une fois" #JO2024 #Paris2024 #Nadal #tennis #RafaNadal https://t.co/bZqBvbK9sX
— TennisActu (@TennisActu) September 23, 2023
Сепак, во минатото имаше исклучоци, последен во случајот со Роџер Федерер, кој не играше за Швајцарија пред Токио, туку со помош на Тениската асоцијација на својата земја доби дозвола за настап. Но, поради повреда не го стори тоа.