Тајмаут
На навивачите на Катар брзо им се здосади, па предвреме го напуштија стадионот
Приврзаниците на Катар кои дојдоа на стадионот за мечот со Еквадор на Светското првенство останаа разочарани од она што го видоа. Уште пред паузата противникот ги постигна нивните два гола со кои на крајот победи со 2:0.
Забележано е дека голем број домашни навивачи ги напуштија столчињата на полувремето и воопшто не се вратија во второто полувреме. Друг дел остана до околу 60. минута, но и тие изгубија интерес и набрзина излегоа од стадионот.
Имаше уште еден љубопитен момент на стадионот Ал Бајт, кога дел од претежно еквадорски навивачи почнаа да скандираат „сакаме пиво“. Како што е познато, организаторите ја забранија продажбата на пенестата течност на стадионите.