Фудбал
На никого не му е јасно зошто Роналдо не се откажува од своите слободни удари
Кристијано Роналдо е мака мачи со изведувањето слободни удари по пристигнувањето во Јувентус во летото 2018 година.
Последниот натпревар Јувентус го одигра пред еден месец пред празните трибини во Торино против Интер, па дури и тогаш Роналдо имаше една проба од слободен удар. Но, Португалецот го погоди живиот ѕид и продолжи со очајнички процент на удари од прекините.
Од неговото пристигнување во Јувентус, овој 35-годишен играч има постигнато 53 гола на 75 натпревари, но никогаш не постигнал гол од слободен удар. Со својот авторитет, Роналдо стана првиот изведувач на слободни удари во составот, иако Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала беа далеку поефикасни од него.
Тој имаше 39 обиди за слободен удар од доаѓањето во Јувентус, но не успеа да постигне гол. Тој го постигна својот последенв гол од слободен удар на СП 2018 во одличниот натпревар против Шпанија (3:3).
Многумина веруваат дека Роналдо треба да се откаже од слободните удари, бидејќи очигледно е дека тоа не му оди како некогаш. Претходно, тој постигна 13 голови на слободни удари во дресот на Јунајтед, а во Реал Мадрид успеа да постигне 32 гола. Што се однесува до репрезентацијата на Португалија, тој во осум наврати ја тресе мрежата на противникот.