Фудбал
На Обамејанг му е доста од средината на табелата, ја прифаќа понудата на шпанскиот гигант?!
Иако пред извесно време напаѓачот на Арсенал изјави дека не планира да замине од Лондон, сепак според најновите информации на дел од англиските медиуми, на Обамејанг му е доста од слабите резултати на тимот и средината на табелата.
На овие информации се придодаде и „Мундо Депортиво“ кој пишува дека Обамејанг наводно и рекол „Да“ на Барселона, а останува уште Арсенал да биде убеден да го продаде својот најдобар фудбалер.
По повредата на Луис Суарез, на Барселона и е потребен нов напаѓач, па ќе се обиде да го ангажира Обамејанг уште во јануарскиот преоден рок. Доколку не успее, тогаш реализацијата на трансферот би била во јуни, односно по завршувањето на сезоната.