Connect with us

Фудбал

На почетокот на годината му беше откриен рак, а во четврток ќе игра за Јунајтед

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Макс Тејлор (19) ќе биде во составот за натпреварот против Астана.

„Црвените ѓаволи“ гостуваат кај Астана во натпреварот од Лига Европа во четврток, а на воодушевување на англиската спортска јавност, навивачите и сите спортски работници, Оле Гунар Солскјаер реши да го вклучи Макс Тејлор во тимот.

Тејлор беше дел од тимот на Јунајтед само 12 месеци откако започна третман со хемотерапија. На Тејлор му беше дијагностициран рак, но момчето успеа да се исбори со оваа сериозна болест.

Младиот фудбалер објави фотографија од болничкиот кревет на почетокот од оваа година, а клубот тогаш објави дека телото на младиот играч реагира добро на третманот со хемотерапија.

Тој ја доби поддршката од сите во Манчестер и може да игра против Астана уште во четврток. Претходно во октомври, тој веќе играше за тимот на Манчестер Јунајтед У23, но сега ја чека големата шанса и во сениорската конкуренција.

View this post on Instagram

⚫️⚪️

A post shared by Max Taylor (@maxtaylor00) on