Connect with us

Фудбал

На повидок „бомба“, ПСЖ ги победи Реал, Јунајтед и Интер?!

Според италијанските медиуми, францускиот шампион ПСЖ ги договорил личните услови со српскиот интернационалец од Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ. Останува наводно да се договорат двата клуба за висината за обештетувањето. Како што се пишува, Лацио ќе се согласи за 65 милиони евра, иако претходно се спомнуваше сума од 80 милиони, но сепак поради коронакризата цената на сите фудбалери е во „слободен“ пад.

Доколку се оствари ова, тоа ќе значи дека ПСЖ ги победил во трката Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Интер во трката за потписот на Милинковиќ-Савиќ.  Сумата која тој ќе ја добие во Париз во вид на плата засега не е позната.