Connect with us

Фудбал

На повидок размена, Диего Коста оди во Италија?

Атлетико Мадрид и Наполи подготвуваат голем размена.

Не е тајна дека Јорганџије со месеци се заинтересирани за напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, а медиумите во Шпанија откриваат и како Полјакот би можел да заврши во Мадрид.

Милик влегува во последната година од неговиот договор и за Наполи, приоритет е неговата продажба, така што тој не би го напуштил клубот без компензација, па свесен за тоа, Атлетико понуди размена на Наполи.

Поточно, Атлетико го понуди на Наполи во замена за Милик искусниот Диего Коста, кој во последно време е се помалку и помалку во плановите на Диего Симеоне, па оваа размена не би била нелогична.

„Коста може да ја оживее кариерата во Наполи, а италијанскиот тим би добил замена за напаѓач кој нема намера да го продолжи договорот“, пишуваат медиумите во Шпанија.

Единствената пречка за Атлетико е приходот на Милик кој изнесува пет милиони евра по сезона …